Лош ден за нашиот интернационалец
Лош ден за екипите на македонските фудбалски интернационалци во осмото коло од германскиот шампионат. Александар Васовски доби жолт картон и ги одигра сите 90 минути за Ајнтрахт, кој на свој терен загуби од Шалке 04 со 1:0.
Со истиот резултат пораз доживеа и Мајнц, на гости кај Борусија Менхенгладбах. Николче Новески ја одигра цела средба. Мајнц и Ајнтрахт се на последните две места на табелата со само четири освоени бода досега.



